АРХИВА

   

На сите посетители на блогот посакувам
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

 

 30.12.2015

 

 

 

 

Регионален натпревар на „Млади техничари и иноватори“ Велес 2015

На 25.04.2015 г. во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ со почеток во 8.00 час. се одржа Регионале натпревар на “Млади техничари и Иноватори“ Во организација на Здружение на наставници по техничко образование на Република македонијаи Здружението на општина Велес.
На натпреварот учество зедоа сите Основни  училишта од општина Велес,Поради проблеми со превоз не учествуваше екипата од Градско.
Екипата која ќе го претставува регионот Велес на предстојниот Државен натпревар ќе го претставуваат следните ученици и ментори:
Ред.
Бр.
Натпреварувачка област
Име на натпреварувачот

Ментор

  1.  
Електроника
Виктор Ивановски

Светлана Јакимовска

  1.  
Автоматика

Зоран Нацев

Соња Ристова

  1.  
Роботика
Радица Јованова

Илчо Ценев

  1.  
Конструкторство
Николче Ѓорѓиевски

СветланаЈјакимовска

  1.  
Архитектура и градежништво
Сања Трајковска

Илчо Ценев

  1.  
Дизајнирање
Магдалена Ѓорѓиева

Весна Христова

  1.  
Сообраќајно моделарство
Ненад Нацев

Соња Ристова

  1.  
Бродо моделарство

Ѓорѓи Перчинков

Светлана Јакимовска

  1.  
Воздрухопловно моделарство

Горан Атанасков

Соња Ристова

  1.  
Видео техника
Благојка Стојанова

Илчо Ценев

  1.  
Фото техника
Дино Јанакиев

Соња Ристова
Честитки до победниците во натпреварувачките дисциплини и посакувам успех на Джавниот натпревар кој ќе се одржи на 9.05.2015 год. во ООУ „Владо Тасевски“-Скопје со почеток во 10 часот.
Честитки до учениците од ООУ „Блаже Конески“ Велес кои за нијанса беа послаби од победниците во дисциплините:Фототехника-Љупче Трајковски, Воздухопловно моделарство-Дарко Аксентиев, Бродо моделарство-Андреј Далиманчев, Сообраќајно моделарство-Елена Ончева, Конструкторство-Викторија Хаџиева, Автоматика-Гордана Стефановска, кои освоија втори места во наведените области.
Краток видео запис од натпреварот клик на повеќе или на самата фотографија. 
25.04.2015

Регионален натпревар на „Млади техничари и иноватори“ на општина Велес


Во организација на Здружението на наставници по техничко образование на Република Македонија и во организација на Здружението на наставници на општина Велес на ден 25.04.2015 г. со почеток во 8.оо часот ќе се одржи Регионален натпревар на Регионален натпревар на „Млади техничари и иноватори“ на општина Велес.

Оваа година домаќин на натпреварот е ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Велес. 
ООУ „Блаже Конески“ од Велес на натпреварот ќе учествува со целосна потполнета екипа од 10 ученика.На сите ученици од моето училиште ,секако и на сите останати натпреварувачи посакувам успех на натпреварот .Победниците во 10-те дисциплини ќе ја претставуваат општина Велес на Државниот натпревар.
За подетални информации обратете се на кординаторот на натпреварот Илчо Ценев. Користете ја контакт можноста на крајот од секоја страница од блогот.

Државен натпревар на „Млади техничари и иноватори“ 2015
Во органинизација на Здружението на на наставници по техничко образование на Република Македонија во Скопје во ООУ „Владо Тасевски“ во Скопје со почеток во 10 часот се одржа Државниот натпревар на „Млади техничари и иноватори“-2015.
На натпреварот имаше ученици кои се натпреваруваа во 11 области. Домаќинот на натпреварот секако и организаторот дадоа максимален придонес во успешноста на натпреваротсекако пред се во организациона смисла и секако во рамките на финасиските можности на здружението. Недостатоци секако има но за тоа во некоја друга прилика. 
Жалам за неможноста   на натпреварот да допатува екипата од кумановскиот регион поради немилиот и непосакуван безбедосен настан кој  на 09.05.2015 г.   се случи во Куманово.
Сите оние кои заминавте пред да се соопштат резултатите и нестрпливо ги очекувате ве известувам дека од организаторот добив резултати по дисциплини со бодови и ученици натпреварувачи и ментори. Недостасува на списокот значителен дел на ментори. На списокот кој го добив не пишува кој натпреварувач од кој град е и званично кое место го освоил. Значи вака добиениот список нема техничка,званична фукција и затоа не можам да го објавам. 
Ако во наредните денови добијам список на победници по натпреварувачки дисциплини истиот итно ќе биде објавен.
15.05.2015
________________________________________________________________________________________________________________________________

ДЕТСКИ СЕМАФОР


Ученици кои ќе го претставуваат училиштето ,,Блаже Конески`` на натпреварот детски смафор
Екипа до 12 години:
        1.Бојан Здравковски

         2.Јован Атанасовски

                                                              3.Татјана Јанушева

                                                              4.Викторија Панова
Резерва:
 1.Ивона  Тодоровска
 2.Бојан Брашнарски

Екипа над 12 години:
                                                             1.Moника Панова

                                                             2.Леон Кочов
Резерва:
 1.Марио Ристов
 2.Натали Димонова

Сите ученици наведени во списокот да бидат присутни на 11.04.2014 год.(петок) во 9.30 во ООУ „Васил Главинов“-Велес, каде ќе се одржи Регионалниот натпревар. 

На сите членовите во екипата им посакувам успех.
10.04.2014

_____________________________________________________________________________

Активност по повод денот на жената

 http://www.youtube.com/watch?v=SIIJJY2PARc&feature=youtu.be

ПРАЗНИЦИ СЕ БЛИЖАТ ...

             Минатата година -дочек на 2013 год. ви предложив изработка на лампион за вашата елка.Оваа година ви предлагам изработка на ѕвезда која ќе  ја разубави вашата соба или елка.Па ајде да ги размрдаме прстите и да се фатиме за работа.
Предлог - 1
Предлог - 2 
http://www.youtube.com/watch?v=cvDOmioxQLI
Предлог - 3
http://www.youtube.com/watch?v=aTGln9lYwHE
Предлог - 4
http://www.youtube.com/watch?v=_TLm-G0BtfM

Ви посакувам пријатна и успешна работа и посакувам дружење со некои од членовите во семејството

_____________________________________________________________________________



Од денес, 26 ноември 2013 година, започнува гласањето за избор на најдобар македонски веб сајт за 2013 година. Гласањето ќе трае до 5 декември 2013 година, а во него ќе може да учествувате и вие преку кликање на оваа врска. (гласај)
 Mанифестацијата Сајт на годината во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по четврти пат.
Македонскиот веб простор е сѐ поголем од година во година. Целта на Сајт на годината е да го популаризира македонскиот веб простор преку афирмација на најквалитетните, највпечатливите и најиновативните сајтови. 
.
Во категоријата „Најдобар блог“ номиниран е и блогот на кој што моментално сте – www.toveles.blogspot.com. Доколку ви се допаѓа , би сакал да ве замолам да гласате за него.
.
Постоењето на овој блог е промовирање на наставата по ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, споделување на позитивни искуства во наставата, размена на идеи, линкови, фотографии, документи и се друго што би ни помогнало за успешна и креативна настава. Страната е наменета за наставниците кои предаваат техничко образование,учениците и за сите љубители на техниката.
.
  Со вашето гласање давате свој придонес и подршка на постоењето на www.toveles.blogspot.com како и подршка на администратор-автор на блогот за својата работа.
.
 Се надевам дека уште долги години блогот ке постои и сите заедно ке ја постигнеме заедничката цел а таа е : техничката култура претставува задолжителен и неразделив процес од целокупното образование а покасно и дел од секојдневното живеење и работење.Техничкото образование на младите им создава љубов кон техниката, им дава неопходни научни знаења, но и  умеења-вештина која е неопходна низ целиот живот на човекот. Создава правилен однос кон работата и работењето-во најширока смисла на зборот.

 За да ги видете поголеми фотографиите кликнете на неа
 Се најавувате за гласање со вашиот е-маил
На е-маилот ке добиете линк за да продолжите со гласањето
Во последната категорија е номиниран www.toveles.blogspot.com
 Нормално 10 бода за www.toveles.blogspot.com а за остатокот во гласањето не ви се мешам :) :) :)
Ако правилно сте гласале се појавува последниот приказ 
Се надевам дека фотографиите ке ви помогнат во гласањето
гласај
__________________________________________________________________________

На 13.04.2013 година во ООУ „Благој Кирков“се одржа Регионален натпревар на млади техничари и природници.Државниот натпревар ќе се одржи на 20.о4.2013 год.во Пробиштип.На сите натпреварувачи посакувам многу среќа  и секако нека победат најдобри... Автобусот за велешани  во 8.00 час.пред Стоковна куќа.

  _____________________________________________________________________________

 49-ти ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА КЛУБОВИТЕ НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ 21.04.2012 год. Кавадарци

  Видео запис од натпреварувачкиот дел на натпреварот

 Видео запис од свеченото отварање на натпреварот.

II -место на Државниот натпревар -натпреварувачка дисциплина:Кино и видео техника.

Ова е видео од TV Кавадарци

____________________________________________________________________________ 


10.000 посетители 

На 15.02.2012 год. поставив бројач кој регистрира колку посети има вкупно.На 30.11.2012 год.бројачот го регистрира 10.000-от посетител.Се чуствувам гордо бидејки за едн блог(се обидов да го креирам да функционира како веб сајт) преставува одлична посетенос. Се надевам дека и во иднина посетеноста ќе биде со истото темпо.Посебно ќе бидам задоволен ако ова што го работам им користи на учениците и колегите и им помага во воспитно-образовниот процес.
 На фотографијата се гледа од сајтот на blogspot.com посетеност по држави ,пребарувачи и оперативен систем.

 На фотографијата се гледа кој е 10.000 посетител. (кој оперативен систем користи со кој пребарувач се приклучил ,од кој град е и што посетил на веб страната-блогот.)
 _______________________________________________________________________________

Дали имате полн фонд на часеви?

Да - 3
Да во две или повеќе училишта - 3
Пола работно време - 0
Да со втор наставен предмет - 7
Помалку од полн фонд на часеви - 3
 Невероватно,чудно !?  Како ? Анкетата пукна...Јас Ви се извинувам но навистина не ми е јасно што се случи. Да беше некоја озбилна-опасна страна ќе помислев дека некој анкетата ја хакирал :) Интересно е што по ова колегите се изјаснуваа на еден одмојте и-мејлови.Состојбата е крајно загрижувачка.

____________________________________________________________________________

Недостаток на стручен кадар

Репртажа од ТВ Сител (бидете трпеливи да се вчита видеото)

 

 повеќе

  ____________________________________________________________________

ИНИЦИЈАТИВА

Од Регионалното здружение на наставници по ИТО на општините  Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар и Ресен
 
Формирањето на ЗНТО-Битола беше иницирано од заедничката определба на наставниците за подигање на техничко-технолошката свест кај учениците и кај младите воопшто, како битен фактор за општествен и економски развој. Наша визија е физиономирање на техничката култура како една од главните компоненти на профилот на современиот ученик, преку имплементирање на современи пристапи  во наставата по Техничко образование.
Имајќи ги во предвид напорите кои МОН и БРО ги прави последниов период со новите проекти за модернизирање на наставата преку  нови наставни приоди и нови технологии, би сакале во прилог на тие интенции преку оваа иницијатива да дадеме свој придонес со нашето искуство како практичари.
Имено, сметаме дека клучни фактори кои би придонеле за подобрување на ефектите од наставата се:
1.Постигање развојност на предметот
2.Поврзаност на информациите кои учениците ги добиваат за техниката и технологијата
3.Модуларна застапеност на предметот во повисоките одделенија(7мо,8мо,9то) во континуитет како линк со средното стручно образование.

На тој начин сметаме дека  би се зголемил интересот на учениците за Средните стручни училишта и  Техничките факултети што е една од заложбите на Владата на Р.Македонија со оглед на моменталниот податок за слободни 14500 места во Средните стручни училишта во Државата што е навистина загрижувачки факт.

Нашата иницијатива до МОН и БРО на Р.Македонија се состои од следниве конкретни предлог-решенија:

  1. Да им се овозможи право за изведување на настава по предметот ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ во 4-то одделение од деветгодишното основно образование на предметните наставници по ТО, имајќи ја предвид стручноста и компетентноста на наставниот кадар како и спецификата на наставната програма.
  2. Да се преиспита  нормативот за наставен кадар по предметот ПРИРОДНИ НАУКИ И ТЕХНИКА во 6-то одделение од деветгодишното основно образование и да се разгледа можноста за воведување на наставниот кадар по Техничко образование во истиот, со оглед на содржините застапени во наставната програма  кои се во поголем дел преземени од наставните содржини кои се изучуваат во предметот Техничко образование.
  3. Со оглед на целта за постигнување на развојност на предметот, предлагаме ревизија на постоечките наставни програми од IV,V,VI одд во деветгодишното основно образование.
  4. Имплементација на наставни содржини во ревидираната наставна програма со кои ќе се опфати новата опрема (Конролни управувачки уреди, Еду роботи и  соларни комплети) како и соодветни обуки за проектна проблемска настава. Сето ова бараме да биде организирано и реализирано од соодветни стручни кадри вработени во МОН и БРО на Р.Македонија
  5. Имајќи ја предвид актуелната потреба посебно нагласена од владата на Р.Македонија  за насочување на учениците кон инжинерските факултети што е и светски тренд, предлагаме воведување на изборни предмети кои ќе им овозможат континуирани информации и знаења на учениците во 7, 8, и 9-то одделение.
     Како предлог наслови за нови изборни модуларни предмети ги нудиме:
-          Графичка технологија и дизајн,
-          Енергетика и електротехника
-          Автоматика -роботика и електроника

Оваа иницијатива ја поткрепуваме со фактот дека повеќе години наназад бројот на запишани ученици во Средните стручни училишта и Техничките факултети во Р.Македонија рапидно е намален и младата популација по завршување на своето образование не успева да најде работа поради некомпатибилноста на своите вештини со барањата на пазарот на трудот.
Се надеваме на разбирање и позитивни решенија од МОН и БРО на Р.Македонија и очекуваме конкретен одговор на нашата иницијатива од страна на МОН и БРО кој сеуште не сме го добиле иако досега веќе два пати сме испраќале писма со Иницијатива до МОН и БРО.

Со почит,


Датум:                                                                                             Претседател:
26.06.2012                                                                                     Ставревски Пепи

_____________________________________________________________________________
Еден месец активно дружење
                       
                            На 15.02.2012 год. поставив бројач кој регистрира колку посети има вкупно.На мое огромно задоволство за еден месец има околу 2000 посети (во моментот на пишувањето 1992 посети).Ова ми дава дополнителна мотивација дека ова што го работам е ОК. Се надевам дека и во иднина страната и понатаму ќе ја посетувате а јас ќе се обидам да ја хранам со податоци кои се интересни и корисни за сите .
                    Еве уште интересни  податоци. Погледнете имаме посетители и надвор од Македонија.
За зголемување кликни на фотографијата.

Рекордна посетеност во еден ден  11.04.2012 год.

 За зголемување кликни на фотографијата.

------------------------------------------------------------------------------------------------

На 01.03.2012 год. webs.com највероватно ќе ја блокира странатра наменета за ученици ,наставници и сите љубители на техниката www.toveles.webs.com. Помина една година од постоењето на страната. Причина-треба да се плати за хостирање. Желбата за промовирање на техничката култура ќе ја продолжам на овој блог и искрено се надевам дека и понатаму страната ќе има како и досега огромна посетеност.

Но... сепак да почекаме сите до 01.03.2012 год.
До блокирањето на www.toveles.webs.com во употреба ќе бидат и двете страни.
Денес е 17.03.2012 год. а веб страната сеуште е во функција .Ххммммм... Како и да е некаде напишав дека со webs.com, немам намера да си играм ладно-топло и уште еднаш Ве известувам дека сите нови информации  ќе бидат поставувани тука.
Моментално се наѓате на новата www.toveles.blogspot.com


  Н А Т П Р Е В А Р  ВО  Р О Б О Т И К А
Р О Б О М А К   2 0 1 2    


 Семинарот започнува на 19 Февруари и ќе трае седум дена, од кои на последниот ден ќе се одржи натпревар помеѓу групите. По петдневната обука во лабараториите кои се наоѓаат во склоп на кампусот на Факултетот за Електротехника и Информациски технологии ФЕИТ, на
26 февруари 2012 год. во салата на спортскиот центар Борис Трајковски ќе бидат избрани победниците во категориите:

- Роботска трка-роботите поминуваат низ најразлични препреки за да стигнат до целта, победник е оној робот кој   ќе постигне најкратко време,
- Сумо-два робота се борат помеѓу себе со цел едниот да биде исфрлен од рингот,
- Лавиринт-роботот го бара излезот од лавиринтот,
- Хуманоид-се оценува комплексноста на изведената точка. 
- Вештачка интелегенција-тимовите изработуваат програма на симулатор.

 По завршување на предавањата и изработките, натпреварувачите ги соочуваат своите роботи. Комисијата и публиката ги одбира своите фаворити, кои ќе се стекнат со признаени  сертификати и награди за својот труд.  Овој интересен настан ќе се случува во спортската сала Борис Трајковски на  25.02.2012 со почеток во 11:00 часот.

Во салата покрај бината на која ќе се одвива натпреварот, ќе бидат изложени проекти на студенти и професори на кои сме посебно горди поради тоа што секоја година не закитуваат со награди и признанија.
Ќе бидат поставени штандови на кои фирмите-пријатели на настанот  кои ќе имаат можност да овозможат поблизок контакт со сите присутни во салата, да поделат промотивни матреали и да ги претстават своите тековни и идни проекти.
Во склоп на настанот  ќе се одржи натпревар во фотографија. Учесниците на овој засебен натпревар ќе се обидуваат за време на целиот настан да го заробат најинтересниот момент, и со тоа ќе се закитат со награда и курс за понатамошно усовршување. Фотографиите ке бидат изложени на самиот натпревар.
                       Директниот пренос на настанот ќе биде реализиран од страна на нашите  телевизии, а настанот ќе биде емитуван и на Интернет (livestreaming)
 Ако сакате да добиете повеќе информации за настанот контактирајте ја г-ца Ирина претседател на студентската организација EESTEC LC Скопје, на   e-mai :   IrinaKufalova@t-home.mk
Секако  ова е настан кој вреди да биде  посетен оваа година а наредната  да учествуваме со свој штандови и да ја покажеме креативноста на нашите ученици.
____________________________________________________________________________________________________________________
Компјутерски управувачки контролни уреди и едукативен робот
за сите училишта
Новиот компјутерски управувачки уред ,со нов софтвер и со ново име. Кој КУМОТ...? 
Е па колеги со среќа да си работитиме со ЕduPEP .
           
Бирото за развој на образованието ја продолжува соработката со УСАИД/ПЕП во која е предвидено опремување со нови технологии (компјутерски контролни уреди и едукативно роботче) во сите останати основни училишта во Македонија, како и организирање на обуки со наставниците по техничко образование за примена на овие технологии во редовната настава.Со ова се унапредува и модернизира  наставата по техничко образование и се  овозможува учениците  да се стекнат со вештините за вработливост, употребата  на нови технологии, комуникација, креативност, решавање проблеми, иновативност и  др. 
   
        30-31 Октомври 2011 год. во Скопје ќе се изведе обука на наставници по техничко образование кои ке ја изведат обуката за сите наставници од државата поделени во следните региони:
Скопје - 3 групи, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани и Куманово).
Истовремено се планирани средби на директорите од основните училишта од сите региони со цел :
подетално да се преземат активности и потребна поддршка на училиштата и директорите во обезбедување на соодветни услови во училниците за техничко образование за примена на опремата во наставниот процес. Исто така, се  предвидува да биде споделено искуството на училиштата кои беа опремени со новите технологии во изминатиот период.
 Сите колеги потврдата за  учество на обуките за користење на новите технологии во наставата по техничко образование организирани од страна на Проектот на УСАИД за основно образование,може да ја преземат од следниот линк :   потврда
________________________________________________________________________________________________________
И Н И Ц И Ј А Т И В А
За зголемување на фондот на часови
по предметот Техничко образование
во Основното образование
 Од стручен актив на Професори по ИТО од Битола,
прва генерација дипломци на заедничката студиска програма по Информатика и Техничко образование на Педагошки факултет и Технички факултет при
Универзитетот „ Св.Климент Охридски“ Битола
За да го прочитате целиот документ од менито кликнете на изборот документи и симнете го документот иницијатива-големина Download (144 KB
 _____________________________________________________________________________________________________
  Деца во Македонија учат како се прават роботи
Имаат само десет години, а склопуваат роботи, ги програмираат, се запознаваат со техниката на програмирање...
Децата во Македонија можат да учат како се прават роботи! Докторандот на универзитетот "Џорџ Вашингтон" во САД, Александар Стефановски, веќе четврта година по ред работи на проектот "Роботека", каде деца од 10 до 16 години учат како се прават, склопуваат и програмираат роботи. Стефановски, кој има искуство и како асистент по информатика на "Џорџ Вашингтон", ни објаснува што работат децата на "Роботика", кој е поддржан и од УСАИД.
"Учат да склопуваат роботи, да ги програмираат, да ја научат техниката на програмирање. Децата учат од добри предавачи и студенти што студираат надвор од Македонија. Претходните години доаѓаа и професори од САД да ги обучуваат предавачите", објаснува Стефановски, кој е и раководител на организаторот, невладината организација "АТТА".
Тој вели дека пристапуваат кон материјата преку проблемите во секојдневниот живот.
"Децата ги согледуваат тие проблеми, и потоа со помош на наставниците почнуваат да дизајнираат робот за таа цел", вели Стефановски, раскажувајќи пример од наставата.
"По посета на една печатница ги прашавме децата дали забележале нешто што би можело да се подобри со помош на робот. Едно од децата рече дека мирисало на лепак, а тој би направил робот кој би ја мерел концентрацијата на лепак во воздухот, и би прскал со спреј за да се реши проблемот. На тој начин, децата учат да направат решение за проблемите", вели младиот докторант.
Отсега проектот "Роботека" е наречен " Роботека 2.0", а Стефановски се надева дека ќе се започне со изучување и во училиштата низ Македонија кадешто има заинтересираност, најверојатно како воншколска активност.
Проектот "Роботека" досега се организираше во детското одморалиште Пелистер, но од оваа година се преселува во Битола. Започнува во понеделник, и трае четири сесии, по една недела секоја. Меѓу учесниците се и голем дел од децата кои победиле на натпреварите на Народна техника на државно ниво. Заинтересираните можат да се пријават и на интернет-страницата www.roboteka.mk.
Светски натпревар спонзориран од Гугл
Учесниците на "Роботека" оваа година ќе работат на тема поврзана со светскиот натпревар спонзориран од Гугл - "Роботи на Месечината". Делата ќе конкурираат за овој натпревар во САД.

USAID

Воведување нови технологии во основните училишта
 За да се зголеми интересот кај учениците за техничките науки, USAID/PEP инвестира во реновирање и опремување
на технолошки лаборатории за 21-от век, во40 основни училишта. Овие лаборатории ја прават наставата по техничкото образование соодветна на потребите и технологијата во 21-от век. USAID обезбедува нов мебел, LEGO роботи, уреди кои се компјутерски управувани, роботски раце, електронска лабораторија, комплети за соларна енергија и друга опрема во вредност од $5000 за секое од 40 основни училишта. Во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, проектот исто така организира обуки за наставниците за користење на опремата во новите лаборатории.