ВЕЛЕС

Велес на крајот од 2014 год.

повеќе

19.01.2014

Велешката компанија Брако го произведе првиот македонски камион

Соработката помеѓу Брако - Македонија и БиоСтрада - Италија започна во 2011 година.Званичното претставување на камионот излезен од погоните на Брако се изведе на 15.11.2014 год.Модел на Road Sweeper TEC 5.2  има висок капацитет со можност да исчисти над 70 илјади метри квадратни на час, користи вакумски систем за собирање на отпадот и овозможува максимален ефект во чистењето.
Камионот за погон користи мотор од Мерцедес.
За производството на овој камион заслужни се младите инжењери на Брако. Инаку првите произведени камиони ќе завршат на пазарите во Катар и Италија. Но не се исклучува можноста вакви камиони да се најдат и низ улиците во Македонија.


 повеќе

 

 

видео 

 __________________________________________________________________________________________

Прва бензинска пумпа во Велес во 1925 година 


Со неа велешани во прво време се снабдувале со гасије а малкумина газди со бензин за автомобилите. Така велешани користеле Шелови услуги  уште пред 89 години. Овој податок зборува дека Велес бил меѓу првите градови во Македонија  кои добил бензинска, дури и пред Скопје. Тие ја добиле две години подоцна во 1927-ма. Првата бензинска пумпа во Велес датира од 1925 година на денешна локацијата спроти комплексот згради Чешелот, во центарот на градот. Локацијата на бензинската, се наоѓала во центарот на градот,  на тогашната улица Крал Александар, близу куќата на Шукареви, близу саатчискиот дуќан на познатото семејство Зографски, кој постои и денес. Повеќе се купувало гасије оти во тие години од минатиот век,  Велес немал уште струја и се  купувало и трошело за ламби.  Мислам дека во тоа време единствен автомобил во градот имал Ѕиката, сопственикот на  киното. И по некој автомобил кој ќе минел за Солун и обратно. Тоа била потрошувачката .По Втората светска војна беше затворена оти беше национализирана,  во земја остана цистерната за гориво. Таа беше откриена десетина години подоцна, при изградбата на зградата во  средината на 50-тите години на минатиот век. Но бидејќи беше тешка да се вади  од земја и отстрани,  да се однесе некаде, ја вградија во темелите, ја вкопаа. Така  остана таму и до ден денес.  Таа е сведок на некогашната прва Бензинска пумпа во Велес.Од пожолтената фотографија  може да се види дека бензинската пумпа е сопственост на семејството Поп Андови,поточно на ,,Ордан Поп Андов и синовите,, и  дека е во близина на саатчискиот дуќан на Зографски кој исто така има децениска традиција.Во Велес во 1929-тата имало 9 луксузни автомобили а две години подоцна таа бројка се качила на 14 патнички автомобили, 17 теретни камиони и 2 мотоцикли. Автомобилите биле од марките  - Форд 7,  два Ругби и по еден  фиат, доџ, шевролет,  вилс, трауг.  Десет од нив биле со 4 седишта, три со шест, еден со осум седиште. Камионите биле од марките бенц и интернационал. 
податоците се извадок од натпис во www.tirekovmirece.com 
12.11.2014

__________________________________________________________________________


Прва електрична централа во Велес изградена во 1928 год. Во домовите се користеле  светилки од 5, 10 и 15 вати. 

Ова е приказната за Томо Вук (1904-1986), човекот кој прв овозможи да светне светилка во градот.  

Вук живееше на приземје од зградата која и денес го носи неговото име. Имаше работилница (адаптирана гаража) која се наоѓаше позади зградата,всушност беше под неговиот стан.Тука тој со часови го поминуваше своето време. Носеше наочари со дебело стакло. Зборуваше доста гласно. Како млад човек се чудев а се чудам и сега како велешани, посебно повозрасните го викаа да им поправи ситни дефекти па  дури да смени прегорена светилка. Ова се случува во 70-те години од минатиот век. Доволно зборува за техничата култура на луѓето во тоа време. За среќа се брзо се промени.

Оригиналниот текст на новинарот Петре Печков и администратор на порталот ти реков ми рече...кликни на повеќе. 

  ____________________________________________________________________________________________

  Велес преку фотографија во минатото и денес

   повеќе

____________________________________________________________________________________________

 Рекорд цели 47 години

 Најпосетен ракометен натпревар во Македонија  е тој што пред 47 години е одигран во Велес помеѓу екипите на Борец и Партизан од Бјеловар Хрватска.

 

Натпреварот се играл на Градскиот стадион во Велес а имало околу 12 илјади гледачи. Толку влезници биле продадени. Ова откако претходно  Борец во Белград успеал да ја совлада Црвен Ѕвезда.
Најпосетен ракометен натпревар во Македонија  е тој што пред 47 години е одигран во Велес помеѓу екипите на Борец и Партизан од Бјеловар Хрватска.
10-ти мај 1967-ма а победиле гостите со 12:22. Тоа е најголема посета што досега ја имало на некој ракометен натпревар во Македонија и најпосетен во поранешна Југославија.
повеќе  на www.tirekovmirece.com

____________________________________________________________________________________________

 

Прочитајте повеќе за куќата на Касапови, има интересна историја 

 повеќе 

 ____________________________________________________________________________________________

  Повторно први

 Настанот се случил на 24.01.2013 год.околу 23 часот а возачот бил сопрен кај Бензинската ,,Башино петрол,, по неколку минутна бркотница, при  што било оштетено и новото полициско возило ,,шкода јети,,. ЕЕЕЕЕЕ...прв си е прв ама за жал во негативно.

повеќе 

 ____________________________________________________________________________________________

И ова се сличува

Невероватно топол 11 месец во годината.
На 30.11.2012год дневната температура беше +18 степени.
Првите ниски температури-првиот мраз во Велес 04.12.2012 год.
Првиоте врнежи на слаб снег 09.11.2012 a од околу 20 сантиметри падна на 11.12.2012 год. На средствата за информирање се зборува за големи проблеми кои ги предизвикаа големите врнежи.
За утре во раните утрински часеви се предвидува -11 степени. Многу ме интересира што ќе се случи ако се остварат предвидувањата дека се очекува зимо со температура -30 степени и далеку поголеми врнежи на снег.

Денес 03.02.2013 година температурата е 11 степена.Температура од 10-15 степени има веќе 10-на дена.Уште едно големо промашување на прогнозата.Нема ниту слично од наводното сибирско зимо кое ќе го имавме ова година.


24.03.2020 г. падна првиот снег.Невероватно топло зимо со големи падови и скокови на температурата.Ислучително суво и топло зимо.Во Март почна првите сериозни врнржи на дожд. До пред 20-на часа луѓето беа облечени   на куси ракави.Зато ова го пишувам -да има трага што и како било.На 01.04.2020 г. повторно падна снег.Вистинска  зимска идила ама да беше во месеците декември ,јануари или февруари.

Поради КОРОНА  вирусот од 11.о3.2020 година до денес (1.04.2020 ) учениците не посетуваат училиште.До кога неблагодарно е да се прогнозира.
____________________________________________________________________________________________

Мапа на просторот околу ООУ „Блаже Конески“ Велес


Клик на фотографијат за  зголемување 

____________________________________________________________________________________________


 

Велес во многу работи е прв , а сега и во ова 

Во август 2012 год. беше донесена првата пресуда во земјава за навреда на Фејсбук. Иако казната беше условна и минимална од сто евра, поважна беше пораката дека не смееат да се објавуваат навредливи и заканувачки пораки. Велешкиот суд го казни членот на организацискиот одбор на „Рациновите средби“, кој незадоволен од новинарски текст го нападнал и навредувал авторот на друштвената мрежа.

____________________________________________________________________________________________


Велешани први во Македонија подготувале пастрмалии уште во 1869 год.

Нема некоја поврзаност со техниката и работењето ама затоа има голема важност и задоволство по успешна изведена работа :)

         Имено, со развојот на гемиџиството и трговијата со сплавови со Солун,во Велес масовно се развил ќурчискиот занает. Велешките занаетчии станале познати по жолтиот сахтијан (фино преработена овчка или козја кожа) кој масовно се извезувал до европските модни центри, како  Виена,Будимпешта,Париз..
Сите видни дами шиеле костими за лов и јавање од сахтијан,кој бил моден тренд. Велешкиот бил најдобар и баран во Европа. Сознанието дека во една година се колеле и до 120.000 грла ситен добиток (кози и овци), доведува до заклучок дека месото било евтино и дури се фрлало во Вардар.За да не дојде до епидемии и зарази од него властите наредиле месото да не се фрла, ами да им се дели и на најсиромасите.Така во овој период секоја велешка куќа имала своја залиха на месо за зимскиот период. Бидејќи немало уреди за ладење,месото се солело, се ставало на гредите да се суши и така сушено се приготвувало во зима.  Се користела да се посипе тестото со месо, со пастрма. И така го добила името пастрмалија, која доаѓа од турскиот састрма.
Покрај другата храна, според Имрен Јосифова, докторант по турски јазик на Универзитетот во Истамбул, споменатиот Ахмед паша воениот  гувернер кој дошол да го испита случајот со наводниот бунт против грчкиот владика, во еден допис напишал:
``Не почестија со јадење слично на нашата састрма(ј)лија (турско јадење слично на погача ,со големи парчиња овчко солено месо ), само што месото е ситно сецкано овчјо и козјо месо и полиено со јајце...,, ) што ќе се сложите е денешната пастрмалија) . И ова е тој документ кој постои во турските архиви, кога за прв пат се споменува пастрмалијата и тоа токму во Велес.
``До големиот мост постои фурна која работи цел ден и преку ноќ и секогаш има да се најде леб.Застанавме  пред камениот мост да купиме храна.,,
Фурната во која се печеле  питите се наоѓала веднаш до Стар Мост на место на денешната куќа на семејството Ванови. За тоа постои ваков опис кој го дава  др Екрем Ајверди,турски стручњак за османлиски споменици:
``Спроти Големиот мост одсекогаш постолеа фурна во куќата на Уста (мајстор) Мустафа,старешината на мостарите,кои го чувале ,го поправале и одржувале мостот.Таа фурна го хранела и турскиот гарнизон и сите турски достоинственици  кои нарачувале  пекарски производи од ова место,,.
Оваа фурна била една од ретките која работела 24 часа, што и било овозможено со посебна бујурулдија (наредба), а овој податок и се споменува и во други списи и пописи од 1863 година.Повеќе и оригинален текст на : www.tirekovmirece.com

____________________________________________________________________________________________